Актуелниот пратеник, докторот стоматолог Кирил Пецаков, и официјално ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Охрид на локалните избори што ќе се одржат оваа есен.
Информацијата ја соопшти Антонијо Милошески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител.
Наш фаворит за Општина Охрид ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков, којшто бил и советник во општината Охрид, добро познат на граѓаните, си ја извршувал совесно својата должност, познат е и помеѓу лекарите како стоматолог, познат е и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека тој е човек кој може да го врати сјајот на Охрид кој во овие неколку години, за жал, го изгуби, дури се најде и на црвената ризична листа на УНЕСКО. Гледаме предност на Кирил Пецаков во однос на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од СДСМ, затоа што тој има селективен пристап кон охриѓани. За некои охриѓани тој е човек кој руши дивоградби, а за други кои се моќни, кога треба да им руши нешто на нив, вели дека стравува за неговиот живот и таквиот селективен однос ги прави нерамноправни граѓаните на Охрид. – рече Милошоски.
Кирил Пецаков долги години е истакнат член на ВМРО ДПМНЕ. Неговиот пат како политичар се движеше од Унијата на млади, член и претседател на Општинскиот комитет во Охрид, до партипициент на највисокото раководство на партијата во моментов. Тој е поранешен советник и еден од најактивните парламентарци во Собранието. Приватно Пецаков е сопруг и родител и поранешен активен спортист.
OhridNews
И официјално Константин Георгиески кандидат на СДСМ на претстојните локални избори













