Кириличниот домен „ .мкд“ ќе биде новиот заштитен знак на земјава во глобалната интернет мрежа. Врз основа на резултатите од гласањето спроведено од страна на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, дури 72,98 отсто од граѓаните гласале за овој кириличен домен.
Предложената низа(„.мкд“) ќе биде ставена во официјалното барање за отпочнуање процес за добивање на врвниот кириличен домен за земјава, кој ќе биде поднесен до Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви.
Според Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, овој план се спроведува со цел зачувување на националниот идентитет преку користење домени на мајчиниот јазик.
Инаку, во гласањето учествувале 2 288 лица, а покрај доменот „.мкд“ граѓани имаат можност ги изберат и скратениците „ .мак“, „ .рм“, „ .македонија“, „ .рмак“, „ .рмкд“.
OhridNews