Тепачката помеѓу Кирон Дајер и Ли Бојер кои заедно играа за Њукасл на дуелот со Астон Вила е еден од моментите кои останаа запеметени во Премиер лигата. Дајер во автобиографијата која ќе излезе наскоро објасна како и зошто се случил инцидентот.

– Целата мешаница настана за една топка која не му ја додадов на Бојер, туку на друг соиграч за кој мислев дека има подобри опции. Бојер, првично викаше зошто не сум му ја додал топката, а потоа почна да ме вреѓа. После неколку сочни пцовки, јас му вратив и се случи тоа што најмалку посакував јас и сите искрени љубители на фудбалот. Гневот го забележав во неговите очи одма само што тргна кон мене. Менаџерот Грем Сунес почна да вика кон кон Бојер да не го прави тоа, но тој веќе ја имаше изгубено главата и ме удри четири пати пред 52 000 гледачи. Првично не сакав да му вратам за да се смири ситуацијата, но од последниот удар почуствував голема болка и му вратив еднаш. Во таа мешаница не помогна ниту Герет Бери кој настапуваше за Астон Вила, бидејќи Бојер сакаше да продолжи да се тепа со мене. Очекувано, судијата ни додели црвени картони и не испрати во соблекувалните, а таму ми се чини дека имаше повеќе обезбедување одколку на целиот терен. – стои како објаснување во книгата на Киран Дајер.

 

Поранешниот англиски репрезентативец во автобиографијата истакна дека игрите на среќа биле главниот проблем десеттина години во националната селекција кои знаеле да траат и доцните часови во ноќта. Најпасиониран љубител на игрите на среќа бил Мајкл Овен кој му бил и цимер на Дајер неколку години во собирите на англиската репрезентација.

OhridNews