
од класичната,џез и светска музика, оваа вечер нашите млади виртуози Исмаил Лумановски и Ивана Ристова ќе се претстават со целовечерен рецитал. На концертот ќе бидат изведени сонатата за кларинет и пијано-
Poulenc, “Цигански напеви” од Sarasate, Чардаш од Монти и “Четирите сувенири” на американскиот композитор Paul Schoenfield (Samba, Tango, Tin Pan Aley и Square Dance).
Во дел од програмата пијанистката Ристова ќе настапи соло со дела од Шопен и Лист. Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот познат кларинетист Васко Дуковски со кој ќе ја изведат “Hameum” Свитата на Анте Гргин.
Лумановски како што ни е веќе познато, дипломирал и магистрирал во класата на професорот Charles Neidich во реномираната школа “The Juilliard School” во Њујорк. Основач е на познатиот светски бенд “New York
Gypsy All Stars” со кој настапува низ целиот свет и е член на триото “Grneta Ensemble” заедно со кларинетистот Васко Дуковски. Овој концерт е трет негов настап со Ристова оваа сезона, а нивната соработка продолжува и
понатаму со заедничка турнеа низ Америка и Европа.
Пијанистката Ристова е добитник на 15 меѓународни награди низ светот и моментално е студент на познатиот светски пијанист Emanuel Ax. Концертот на Исмаил Лумановски и Ивана Ристова во “Carnegie Hall” е
спонзориран од светски познатата фармацевтска компанија Jonson & Jonson и е во организација на продуцентската куќа GMB Music.












