Третата фестивалска вечер е посветена на класичниот џез, со концерт на еден од најпознатите македонски гитаристи, охриѓанецот, незаменливиот Дамјан Пејчиноски и неговиот бенд во состав Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосавлевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано и Горан Гешовски – бас гитара.

Публиката ја очекува вечер исполнета со виртуозност, импровизација и препознатлив музички израз, низ авторски композиции и познати џез стандарди, претставени преку современ пристап кон класичниот џез.

Концертот ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток во 20:30 часот, а влезот е бесплатен.

OhridNews