Некогашниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ се бори за живот, откако му откажа донираниот бубрег од својата мајка.


Хрватот, хоспитализиран е во Хамбург и чека донатор на бубрег кој ќе му го продолжи животот.

Организмот на Класниќ не прифаќа повеќе бубрези од фамилијата и најблиските, затоа потребен е донатор доброволец кој не е во крвно сродство со фудбалерот.

Класниќ, пред три години престана да игра фудбал, а пред тоа се враќаше на теренот покрај трите тешки операции кои ги имаше.

Во текот на кариерата Класниќ ги бранеше боите на Сент Паули, Вердер, Болтон и Мајнц, а дресот на Хрватска го носеше 41 пат и постигна 12 погодоци.

OhridNews