Марк Клатенбург официјално се повлече од судењето во Премиер лигата и во најскоро време ќе се пресели во Саудиска Арабија каде ќе продолжи да ја дели правдата на фудбалските натпревари.
41-годишниот судија кој има голема биографија зад своето име како причина за повлекувањето го наведе се поголемиот притисок на плеќите од луѓето во црно.
Судијата кој со знакот на ФИФА е од 2006 година минатата сезона го достигна врвот судејќи го финалето во Лигатан на Шампиони, а потоа и на Европското првенство во Франција.
Информацијата за заминувањето на Клатенбург ја потврди Англиската федерација со официјално соопштение. – Марк постави нови повисоки граници во судењето и ние сме среќни што го имавме. Неговиот трансфер во друга земја е само доказ дека нашата работа со судиите е правилна.
Покрај финалето на ЕП и ЛШ во својата кариера Клатенбург правдата ја има делено во финалето од ФА Купот, УЕФА Супер купот, Супер купот во Англија и финалето на Олимпијадата во Лондон 2012 година.
Премиер лигата останува без најдобриот судија кој заминува во САД или Кина
OhridNews