Клубот од Етихад по завршување на сезоната повторно ќе се засилува на голманската позиција, откако Клаудио Браво не ги исполни очекувањата на Пеп Гвардиола.


Чилеанскиот голман во Манчестер Сити дојде од Барселона за 20 милиони евра и го потисна Џо Харт кој замина на позајмица во италијанскиот калчолигаш, Торино, но не ја преслика добрата форма од Ноу Камп.

„Граѓаните“, имаат неколку адути за прв избор на голот. Еден од нив е голманот на Реал Сосиедад, Жеронимо Рули кој токму од Етихад се пресели на Аноета. Во договорот меѓу двата клуба постои клаузула која може Сити да ја активира секогаш и да го врати голманот за 15 милиони евра.

На листата се наоѓа и голманот на Сандерленд, Џордан Пикфорд кој е и англиски репрезентативец до 21 година. Чуварот на мрежата на „црните мачки“ сезонава брани инзвондредно и има најголем процент на одбрани.

Шпанскиот стратег покрај голман планира да доведе и дефанзивец кој ќе му прави друштво на Џон Стоунс во срцето од одбраната. Се шпекулира со имињата на Вирџил ван Дијк и Емирик Лапорте.

OhridNews