Италијанскиот фудбалски стручњак Клаудио Раниер се врати во англиската Премиер лига, откако го презеде место на Славиша Јокановиќ во екипата на Фулам. Српскиот стратег доби отказ после поразот од Ливерпул и слабите резултати, кои, го заковаа Фулам на дното од табелата.

Раниери со своето искуство ќе треба да го подигне Фулам од пепелта и да обезбеди опстанок во премиерлигашкото друштво. Италијанецот е творец на една од најдобрите фудбалски бајки освојувајќи ја титулата во Премиер лигата со тимот на Лестер. „Лисиците“ речиси да немаа никакви шанси пред почетокот на сезоната, но на крајот невозможното го направија реалност.

  • Имаше неколку кандидати за нов тренер, но никој не беше од калибарот на Раниери. Во него веруваме најмногу, бидејќи има големо искуство во Премиер лигата. Кога ќе видите кои клубови, како и со колкави успеси ги има водени ќе сватите дека одбравме одлична замена. – изјави првиот човек на клубот, Шахид Кан.

Екипата од „Кревен Котиџ“ во првите 12 мечеви во Премиер лигата освои само пет бодови и забележа само една победа. Раниери деби на клупата од Фулам ќе има на 24 ноември на дуелот со Саутемптон.

OhridNews