Тимот на македонскиот интернациналец Николче Клечкароски, Да Нанг ремизираше на гостувањето кај Донг Тамп 3-3. Клечкароски натпреварот го почна од клупата, и со третиот погодок во сезоната ја спаси својата екипа од пораз.


По одиграни 11 рунди во виетнамскиот шампионат Да Нанг се наоѓа на четвртата позиција со 17 бодови, три помалку од лидерот На Хои. Во наредното 12 коло Да Нанг и Клечкароски на домашен терен го пречекуваат Нинх Бин.

Мх.П.