Напаѓачот на Охрид `04, Игор Клечкароски беше клучниот играч во триумфот над Локомотива со 4-1 во првата пролетна рунда. Клечкароски серијата ја започна во 40 минута, во 73 – та погоди од пенал, а во 75 го комплетираше хет-трикот прв за него сезонава.


– Најважно е тимот да победува. Моите голови се плод на колективната игра. Сигурно дека сум задоволен од постигнатото, добро стартувавме, но сите знаеме дека допрва ни претстојат предизвиците и пречките до Првата лига – истакна тројниот стрелец Клечкароски.

Клечкароски со девет постигнати погодоци е најдобриот стрелец во составот на “рибарите“ и ја предводи листата на стрелци во вторлигашката конкуренција.

Напаѓачот на “белите“ постигнал повеќе погодоци од целиот тим на Новаци (осум) и исто колку целата екипа на Локомотива.

М.П.