Напаѓачот на Охрид, Игор Клечкароски по стартот на дефанзивцеот Игор Стојановски мораше да го напушти теренот и беше заменет со Алими. Природата на повредата ќе биде дополнително утврдена по лекарските прегледи кои напаѓачот треба да ги направи деновиве.


Клечкароски во досегашниот дел од шампионатот беше стандарден и постигна два гола , ќе биде голем проблем доколку за мечот против Напредок Антиќ нема да може да смета на него. Шпицот одвоено од екипата го одработи вчерашниот тренинг, а под посебен третман ќе биде и во наредните неколку дена.

М.П.