Поразот од Работнички со 2-0 беше вториот пораз во низа за охридскиот состав. Тимот на Цветкоски кој настапи со “охридски тим“ немаше доволно сили да му се спротистави на “црвениот“ тим кој заслужено ги однесе трите бода.

Јанчески 2, – Голманот од младинскиот состав, кој принудно е најде на голот беше еден од ретките позитивни моменти на овој меч. Имаше неколку одлични интервенции, нема што да му се забележи на примените голови

Вељаноски – Иловски 1,5 . Несигурни во одбраната. Десната бочна позиција не е природно место за Иловски, додека Вељаноски кому исто така не му лежи “леви бочни“ многу ретко го гледавме на гостинската половина.

Бошковски – Мартиновски 1,5. Централниот двоец оставен на сам на себе, без подршката од средниот ред, не можеше да го спречи поразот.

Далчески – Меди –  Томески – Салиу 1,5.  Претрчаа доста, но доцнеа во дуелите со гостинскиот среден ред, и речи си да немаа ниту една употреблива топка во шпицот на нападот

Клечкароски 2. Еден од подобрите мечеви за охридскиот напаѓач. Имаше неколку удар кон голот на Кандикјан, а еднаш ја погоди гредата.

Китрозоски – Дејкоски – Мена 1,5 . Не ја внесоа потребната свежина. Дејкоски одигра скоро 90 минути но немаше настап за паметење. Мена беше нешто поактивен но премалку за да се добие прволигашки меч.

Џалески – се повреди во отварањето на мечот и за него шампионатот е завршен.

Цветкоски – Што да се прави кога имате 14 играчи на располгање, и кога во последен момент половина тим го напушта клубот.

УО на клубот 1. Најслабата оцена оди на сметка на Управниот Одбор на клубот, ако воопшто и таков постои. На трибините во Охрид немаше никој од Управата на клубот, кој по една година мината во лигата 99 насто се враќа во второлигашкото друштво. Штета што немаше никој да им рече ниту браво, ниту благодариме на момците кои без разлика на се` останаа да го доиграат шампионатот и достоинствено да се простат од Првата лига.

М.П.