Охридските бели со победата од 3-0 во дербито на дното, го “отпишаа“ 11 Октомври од спас во Првата македонска фудбалска лига, а “рибарите“ направија крупен чекор кон опстанок во “големото“ друштво.


Триумфиравме над директен конкурент за опстанок, затоа победата добива поголемо значење.  Во секој сегмент бевме подобри од нашиот противник, знаевме што сакавме во текот на целиот меч. Требаше да славиме уште поубедливо, но и вака не е лошо – истакна стрелецот на третиот гол за Охрид 2004, Игор Клечкароски.


Публиката на стадионот Гоце Делчев во Прилеп, на мечот со Охрид 2004 покажа дека знае да ги цени фудбалските вредности. По последниот свиреж на судијата Јосип Бартон домаќините со громогласен аплауз ги испратија охридските фудбалери.

Мх.П.