Украинскиот боксер Владимир Кличко по 18-ти пат ги одбрани титулите IBF, IBO, WBA i WBO победувајќи го Американецот, Брајант Џенингс на поени (116-111, 116-111, 118-109).


Кличко констатно го контролираше темпото во борбата не оставајќи му простор на Џенингс да ги загрози титулите.

Во текот на борбата Кличко до својот ривал упати 144 удари додека Џенингс имаше триесет удари помалку.


– Требаше да биде многу понеизвесно околу бодувањет. Вака изгледа дека Кличко ме победил многу лесно, а не беше така во рингот. – рече Џенингс.

Следен ривал на Украинецот ќе биде англискиот боксер Тајсо Фури, кој во 24 професионални борби има исто толку победи.

Мх.П.