Украинскиот боксер Владимир Кличко со нокауат во петтата рунда го совлада Бугаринот, Кубрат Пулев и ги одбрани титулите во „IBF, WBA и WBO“ категориите.


Дека ќе биде борба на Кличко, тој наговести во првата рунда кога два пати го „легна“ на земја својот противник.


До пресудниот момент Кличко го „спружи“ уште два пати, а во петтиот вкупно Бугаринот неможеше да се опорави.


За Украинецот ова е 17-та победа во низа над предизвикувачите кои сеуште немаат одговор за неговите неверојатни удари.

Мх.П.