Кошаркарите на Кливленд се првите патници во големото финале во НБА лигата, откако во одлучувачкиот седми натпревар во конференциското финале го совладаа Бостон на гостински терен со 87-79.

Човек на одлуката во популарната мајсторка беше Леброн Џејмс кој уште еднаш одигра незаборавен натпревар. Предводникот „кавалирси“ постигна 35 поени, а додаде уште 15 скокови и 9 асистенции засеснувајќи ги сите актери на теренот. Домашниот состав одлично го започна натпреварот и стекна предност од осум поени после првата четвртина. Но, „кралот“ Џејмс го немаше кажано последниот збор и на крилата негови Кливленд ги доби следните три четвртини за конечна победа и пласман во големото финале.

Противник на „коњаницата“ во финалето ќе биде подобриот од мајсторката во финалето на западот помеѓу Хјустон и Голден Стејт.

OhridNews