Клои Кардашиан напорно работеше на своето тело како би го изгубила вишокот килограми, и може да се каже дека конечно успеа. Очигледно е многу задоволна од постигнатите резултати па што поскоро се пофали со неколку фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа колку добро ја оформи својата линија.

 

Сепак, една фотографија предизвика огромно внимание, онаа на која Клои е потполно гола покрај базен. Ким после оваа фотографија би можела да падне во сенка на својата сестра која досега не беше претерано експонирана. Се чини дека Клои ќе го искористи времето додека нејзината сестра е зафатена со приновата, како би го презела тронот за најпознат задник на социјалните мрежи.