Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не ги коментираше одлуките на судиите кои им ја одзедоа победата на „црвените“ во дербито со Тотенхем кое заврши без победник 2-2.

Главниот судија Џон Мос на асистенција од помошникот досуди сомнителен пенал кој Кејн го претвори во погодок и донесе реми за својата екипа на Енфилд.

– Двете екипи имаа евидентен квалитет и двете екипи сакаа да победат, затоа гледачите имаа можност да видат маестрален фудбал. Сепак, морам да кажам линискиот судија ја презеде улогата на ѕвезда донесувајќи одлуки место главниот арбитар. Како и секогаш ќе мора да ги пречутиме грешките, бидејќи ако кажам што мислам ќе настрадам јако, многу јако. – изјави Клоп.

Ливерпул испушти одлична можност да се одлепи на табелата од Тотенхем кој е најсериозна закана за ТОП 4 екипите во Премиер лигата.

Неверојатно реми на Енфилд (видео)

OhridNews