Фудбалерите на Ливерпул со пораз од Вест Хем (2-0) ги започнаа натпреварите во Премиер лигата во Новата 2016 година.
„Црвените“ беа немоќни на Аптон Парк против расположениот домаќин за игра кој два пати ја погоди мрежата на Симон Мињолет.
– Сериозно сум бесен на моите играчи бидејќи можевме многу повеќе на овој меч. Во некои моменти игравме добар фудбал, а во некои неможев да ја препознам мојата екипа. Со таква игра не заслуживме ништо повеќе од пораз. После мечот ги советував играчите дека мораат по скоцентрирано да се подготвуваат за секој следен натпревар. – рече менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
После поразот Ливерпул претрпе пад на табелата од две места и со 30 бодови се наоѓа на деветтата позиција.
Ливерпул немоќен на Аптон Парк (видео)
Ohridnews












