Одбранбениот фудбалер на Шалке, Жоел Матип без оштета како слободен играч по крајот на сезоната ќе се пресели во составот на Ливерпул.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер одлучил да не го продолжи договорот со „сините“, а германскиот стручњак Јирген Клоп брзо реагираше и го обезбеди второто засилување за следната сезона.
Првото засилување на „црвените“ за следната сезона е младинскиот репрезентативец на Србија, Марко Грујиќ кој на Енфилд ќе се пресели од Црвена Ѕвезда.
Матип потекнува од фудбалската школа на Шалке, а за првиот состав дебитираше во 2009 година. Сезонава во 20 настапи има постигнато три голови во Бундес лигата.
OhridNews











