Минатогодишниот финалист во Лигата на Шампиони, Ливерпул го положи оружјето на „Маракана“ стадионот претрпувајќи пораз од Црвена Ѕвезда 2-0 во четвртата рунда од фазата по групи. На „црвените“ од Енфлид им пресуди Милан Павков, кој во период од седум минути два пати го матираше Алисон Бекер.

Германскиот стручњак Јирген Клоп отворено ги криикуваше своите фудбалери, а ги пофали домашните и атмосферата која еруптираше после двата голови на напаѓачот. 
  • Од почетокот на мечот јасни беа желбите и намерите на двете екипи. Ние не игравме ништо посебно, а уште послабо продолживме после промашената шанса на Стариџ. Пробавме да ги промениме работите на подобро во вториот дел, но успеавме само малку креирајќи неколку шанси пред крајот на мечот. Црвена Ѕвезда не` не изненади со играта, а имаа многу подобар пристап за разлика од две недели. На Енфилд ние го контролиравме мечот, а во Белград не успеавме да се наметнеме. Десетте прсти на двете раце се премалку да ги набројам нашите грешките. Атмосферата беше добра и мислам дека моите фудбалерите требаше да бидат уште по мотивирани за игра. – изјави Клоп.

Двете последните рунди во Ц групата ќе ги одлучат патниците во нок аут фазата. Шанса за пласман понатаму имаат четири екипи и секој следен меч во групата ќе биде значаен. Ливерпул и Наполи на врвот имаат ист скор на бодови шест, ПСЖ има пет, а „црвено белите“ четири.

OhridNews