Екипата на Борусија Дортмунд со пораз 2-1 од Вердер ја заврши есенската полусезона во која забележа само 4 победи и со 15 бода се наоѓа во зоната на испаѓање.
-Најдобрите вести денес се дека фудбалот за 2014 заврши.Сите критики кои ги добиваме сега се оправдани. Тука стоиме како тотални идиоти и ова комплетно наша вина. Сега пред нас имаме три недели да се подготвиме а потоа да го поправиме она што го направивме – изјави Клоп по натпреварот.
Резултати: Шалке-Хамбург 0:0, Баер Леверкузен-Ајнтрахт 1:1, Аугзбург-Менхенгладбах 2:1, Вердер-Борусија Дортмунд 2:1, Штутгарт-Падерборн 0:0, во петокот Мајнц-Баерн Минхен 1:2.
Есенскиот дел од сезоната во Бундеслигата е заврши со натпреварите Херта-Хофенхајм, Фрајбург-Хановер
ohridnews