По завршување на сезоната во Германија, Јирген Клоп ќе ја напушти Борусија Дортмунд, но место планираниот одмор од една сезона тој ќе пресели на Енфилд.


47-годишниот стратег, кој е поврзуван и со трансфер во Реал Мадрид според германскиот весник „Билд“ е пред портите на Ливерпул.

Иако германскиот стручњак се нема изјаснато за својата иднина, тој имал во план да одмара една сезона по седумте минати на Сигнал Идуна Парк.

Во името на Клоп управата на „црвените“ гледа спасител по катастрофалната сезона на Ливерпул во сите натпреварувања.

Тимот ќе биде и без долгогодишниот капитен Стивен Џерард и на клубот му е потребен менаџер, кој ќе ги подигне фудбалерите по лошата сезона.

Мх.П.