Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп полека го губи трпението со напаѓачот Даниел Стариџ кој повеќе време минува на терапии за лекување на повредите отколку на теренот.
Според англиските медиуми германскиот стручњак му поставил ултиматум на англискиот репрезентативец за што побрзо враќање на терените кој пак ја лекува повредата на зглобот.
Стариџ сезонава има само пет настапи на кои успеа да постигне два погодоци. Меч за „црвените“ нема одиграно од 6 декември кога се повреди на дуелот со Њукасл.
Англиските новинари наведуваат трансфер на Стариџ ако не се подобри здраствениот билтен на фудбалерот до крајот на сезоната.
Ohridnews











