В недела во 15 часот и 5 минути на Олд Трафорд ќе се одигра најголемото фудбалски дерби во англискиот фудбал помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Позицијата на табелата, фаворитската улога и моменталната форма не е предност во дерби средбите за кои на фудбалерите не им потребен дополнителен мотив.

„Црвените“ во Манчестер на мегдан со „црвените ѓаволи“ ќе оптпатуваа како лидери на табелата, а гостувањето е окарактеризирано како сериозен тест на шампионските амбиции на Ливерпул.

– Начинот со кој играа тогаш и сега е различен. За нас, добрата форма на Манчестер Јунајтед е лоша вест, додека за навивачите на клубот е одлично. Мурињо е неверојатен тренер, но очиглено е дека на Олд Трафорд имаше тешка работа. Ангажирањето на Солскјаер се покажа добитен за екипата. Го пратиме играњето на Погба, неверојатниот Ерера и останатите момци. Тие беа добри и претходно, но сега покрај квалитетот имаат голема самодоверба и максимално го користат потенцијалот. Тимот игра друг стил на фудбал и до победата може да дојде на неколку начини. Што се однесува до мечот нам ќе ни биде тешко, но и на Јунајтед со нас. Ние сме добро организирани, имаме потенција и ќе одиме на победата. – изјави германскиот стручњак Јирген Клоп.

Манчестер Јунајтед под водство на Солскјаер забележа 11 победи на 13 натпревари. Клубот единствено изгуби од ПСЖ (2-0) во првиот меч од Лигата на Шампиони

-Мораме многу подобро да одиграме во однос на оној дуел со ПСЖ. Неопходно е да извлечиме поуки од тој натпревар и да останеме фокусирани. Не чека голем дерби натпревар со голем противник и ќе мали детали ќе одлучуваат околу победникот. Добро е што луѓето веќе не сметаат за сериозна екипа и не сме аутсајдери. Воопшто не ме интересира како ќе игра Ливерпул, бидејќи се фокусирам само нашиот состав. Тие имаат квалитет затоа и се прво место во Премиер лигата, но ние сме домаќини и играме на Олд Трафорд пред нашите гледачи. – рече Солскјаер.

Во трката со времето за настап на дербито со Ливерпул се Џеси Лингард и Ентони Марсијал, додека неизвесен во составот на „црвените“ е Дејан Ловрен кој го пропушти мечот со Баерн Минхен во ЛШ.

OhridNews