Повредите и „топло-ладно“ резултатите го примораа германскиот стручњак на клупата од Ливерпул, Јирген Клоп да купува фудбалери уште во зимскиот преоден рок.


Одлуката на менаџерот падна на фудбалерот од Баерн Минхен, Марио Геце кој се помалку добива шанса од Пеп Гвардиола на Алијанц Арената.

Геце еднаш успешно работеше со Клоп во Борусија Дортмунд кога успеаја да го совладаат на два Баер Минхен во борбата за титулата во Бундес лигата.

„Црвените“ во Геце кој го има надимакот „златното момче“ поради победничкиот гол во финалето на последниот Мундијал за Германија гледаат одлично засилување во нападот. 

Ohridnews