Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е пред излезни врати од Реал Мадрид, а кралскиот клуб во името на Јирген Клоп го најде неговиот наследникот.
„Лос бланкос“ сезонава ќе ја завршат без трофеј и токму тоа е причината за разделба со Анчелоти, а сензационална информација за Клоп ја пренесе германската радио станица „Дојчланд“.
Управата на „кралевите“ меѓу Рафа Бенитез и Клоп го одбрале Германецот, кој успеа да ја издигне Борусија Дортмунд на нивото со Баерн Минхен.
Клоп пред неколку дена се поврзуваше со Бешикташ, но очигледно понудата од Реал Мадрид си го направи своето.
Мх.П.