Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не трпе недисциплина и непочитување во екипата, што на своја кожа го осети дефанзивецот Мамаду Сако.


Германскиот стратег го острани Сако од екипата која се наоѓа на турнеа во Америка и врати во Англија.

– Не е ништо сериозно. Сако прекрши три правила и тука немаше место за друго решение. Го пропушти авионот, потоа состанокот, а доцнеше и на заедничкиот ручек. Јас моментално градам екипа, почнувам од нула и смета дека правилно постапив со Сако со кој ќе се видам за недела дена. – рече Клоп.

Ливерпул во првиот меч на Интернационалниот куп во Америка претрпе пораз од Челси 1-0, а следниот меч „црвените“ го играат против Милан на 31 јули.

OhridNews