Раните од неверојатниот пораз од Бурнмаут во Премиер лигата, германскиот стручњак Јирген Клоп и неговите избраници ќе ги лечат со дводневна ескурзија во Барселона.


„Црвените“, сезонава не играат во Европа, а Клоп тоа го искористи да ги оттргне своите фудбалери од притисокот после поразот од Бурнмаут.

Клубот од Енфилд ќе биде специјален гостин на Ноу Камп, каде екипата на Барселона ќе го одигра мечот со Борусија Менхенгладбах во Лигата на Шампиони.


После враќањето од Барселона, Клоп и екипата ќе се подготвуваат за натпреварот со Вест Хем кој на програмата е в недела во 17 и 30 часот.

OhridNews