Со реми против Севиља (2-2) на домашен терен фудбалерите на Ливерпул ги започнаа натпреварите по групи во Лигата на Шампиони.
Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп не е задоволен со ремито, бидејќи неговите избраници покажаа допадлива игра, но не ги реализираа своите шанси за трет погодок во моменти кога имаа предност 2-1.
– 85-86 минути игравме многу добро и имавме одговори на се, освен на головите. Морам повторно да ги видам и анализирам, бидејќи не беа ништо посебно. Нерешениот резултат не е премногу добар, но играта ми се допадна многу. Сепак, мора да го прифатиме резултатот без разочарување, затоа што ова е почеток на еден долг пат во ЛШ. – изјави Клоп.
Во втората рунда на 26 септември Ливерпул гостува во Москва кај Спартак, а Севиља го пречекува Марибор.
OhridNews