Германскиот стручњак Јирген Клоп на своја кожа ја почувствува магијата на мечевите од ФА Купот давајќи интервју в кујна пред мечот меѓу Ексетер – Ливерпул кој заврши без победник 2-2.


Менаџерот на „црвените“ беше воодушевен од гостопримливоста и не штедеше пофални зборови за четвртолигашот кој пак успеа да го сопре подмладениот состав на Ливерпул.


ФА купот е најстаро натпреварување во Англија и затоа во него учествуваат екипи од сите лиги во лулката на фудбалот.

Ohridnews