Германскиот стратег Јирген Клоп на првата пресконференција како нов менаџер на Ливерпул го „пецна“ тренерот на Челси, Жозе Мурињо.


Клоп во текот на пресконференцијата изјави дека тој е нормален и не е специјален. Германецот се осврна на плановите и амбициите со „црвените“ со кои потпиша три годишна соработка.

– Верувам во потенцијалот на екипата и со добра работа ќе го потенцираме тоа на виделина. Важно е да се победува секако, но јас го сакам и стилот да биде добар на победување, а тоа публиката ќе го препознае и цени. Не сум јас специјален туку нормален и тоа нека биде мојот надимак во Англија. – рече Клоп.


Единствен противник на Клоп на клупата од Ливерпул ќе биде притисокот за освојување на трофеи.

– Прерано е за некои прогнози, но знам дека се очекува многу од мене. Ако останам до крајот на договорот на Енфилд се надевам дека ќе успееме да ја освоиме Премиер лигата. – заврши Клоп.

Деби на клупата од Ливерпул, германскиот стратег ќе има следниот викенд на Вајт Харт Лејн против екипата на Тотенхем.

Мх.П.