Српскиот фудбалски бисер Марко Грујиќ кој ги брани боите на Црвена Ѕвезда од Белград, од следната сезона ќе биде фудбалер на Ливерпул.
Големата надеж на српскиот фудбал и член на златната генерација на репрезентативците до 20 години, ќе премине на островот за шест милиони евра.
Британските медиуми поради предиспозициите Грујиќ го споредуваат со Стивен Џерард. Во трката за негов потпис „црвените“ ги претекнаа Манчестер Јунајтед и Челси.
Српскиот репрезентативец ќе биде првиот официјален трансфер на Клоп откако германскиот стручњак го презеде кормилото на Енфилд.
Ohridnews











