Иако се уште не е официјализаран договорот меѓу германскиот стручњак Јирген Клоп и Ливерпул англиските медиуми веднаш посочија што го очекува него на Енфилд.
Прва и најважна задача за Германецот ќе биде задржувањето на бразилскиот репрезентативец Филипе Коутињо кој е голема желба на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
Неодамна Бразилецот се изјаснил дека негова желба е Барселона, но тимот на Реал Мадрид е оној кој веќе испратил конкретна понуда.
Во трката за потписот на еден од најдобрите играчи во Ливерпул се вклучил и Манчестер Сити што преставува уште поголема опасност за Клоп.
Пред почетокот на сезонава „граѓаните“ купуваа од Енфилд и тоа незадоволниот Рахим Стерлинг за кој го срушија трансфер рекордот за играч од Британија во Премиер лигата.
Мх.П.











