Некогашниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард се врати на Енфилд и ќе работи како тренер во клупската академија.
Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп ќе му помага на Џерард околу печењето на тренерскиот занает.
– Со Џерард имав долг и добар разговор. Тој во иднина се гледа како менаџер и тоа е брилијатна вест за фудбалот. Да бидеш менаџер треба да научиш многу работи, а Џерард е подготвен да го направи тоа и јас ќе му помогнам. – изјави Клоп.
Џерард во дресот на Ливерпул дебитираше 1998 година, а клубот го напушти после завршување на сезоната 2014/15. Кариерата популарниот „Геро“ ја заврши во Лос Анџелес Галакси ноември месец минатата година.
OhridNews