Ливерпул и менаџерот, Јирген Клоп во зимскиот преоден рок се очекува да најдат решение за левата бековска позиција која е болна точка во одбраната на „црвените“.


Одлуката на германскиот стручњак падна на Френк Ачемпонг кој настапува во екипата на Андерлехт. 23-годишниот фудбалер во целост ќе треба да го замени Џејмс Милнер кој принудно игра на левата бековска позиција.

Единствен проблем при трансферот може да преставува настапувањето на Ачемпонг за Гана на Афричкиот куп на Нации кој се одржува токму во јануари.

„Црвените“, после третина одиграни мечеви во Премиер лигата се наоѓаат на втората позиција со шест бодови заостаток од лидерот, Челси.

OhridNews