Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше својот колега од таборот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо за играта во дербито на Енфилд кое заврши без голови и без победник.

– Бевме подобри во текот на целиот натпревар. Нашиот противник дојде по бод и го освоија, додека ние атакувавме на трите, но не успеавме. Со таков пристап можиш да го водиш Ливерпул од клупата, додека тоа е во ред за Манчестер Јунајтед. – изјави германскиот стручњак.

„Специјалниот“ не остана покус и му врати на предводникот на Ливерпул. – Не ни дозволија да направиме контра напад, бидејќи имаат квалитетен среден ред со многу голема енергија за игра. Помислив дека тоа што играат пред своите гледачи и што заостануваат ќе играат далеку поофанзивно, но не се случи тоа.

Бодовната разлика помеѓу „ѓаволите“ и „црвените“ останува седум бодови, но Јунајтед за момент го загуби чекорот со Манчестер Сити кој изби на врвот од табелата после триумфот над Стоук 7-2.

OhridNews