Германскиот стручњак на клупата од Енфилд, Јирген Клоп после поразот од Кристал Палас (2-1) на Енфилд имаше голема замерка за навивачите кои го напуштија стадион пред да заврши натпреварот.
– Се свртев околу себе и ги видов навивачите како заминуваат. Се осетив сам и изневерен во тој момент. Погодокот го примивме во 82-та минута, до крајот имаше уште осум минути, а навивачите одлучија да заминат. За осум минути колку што преостануваа од регуларниот дел и судиското продолжение можат да се постигнат пет шест погодоци, но мора прво да веруваме во тоа. Големи работи во фудбалот се случуваат кога сте уморни и по стрес, а тоа мора да го учиме од натпревар во натпревар. – рече Клоп.
Тој додаде дека фудбалерите треба да го задржат вкусот од поразот и во следниот натпревар да направат се` за да не го осетат повторно.
Поразот од Кристал Палас пред своите гледачи ги „спушти“ фудбалерите на Ливерпул на 10-та позиција со седум бодови помалку од големата четворка.
Ohridnews











