Фудбалерите на Ливерпул претрпеа фрустрирачки пораз од Њукасл (2-0) три дена после убедливата победа (6-1) против Саутемптон во англискиот Лига куп.


– Не заслуживме да изгубиме, ама пак не заслуживме ниту да победиме. Но, сепак морам да кажам дека нашиот меч и нашата игра не беше за гледање. – рече Јирген Клоп.

Менаџерот на „црвените“ смета дека неговиот тим ќе се извлечел од пораз ако судијата не го поништеше голот на Морено.

– Тој погодок ќе ни донесеше бод, но судијата одлучи да го поништи. Нема да се жалиме бидејќи како што реков претходно игравме многу слабо. – додаде Германецот.

По одигрувањето на 15-та рунда Ливерпул се наоѓа на седмата позиција со девет бодови помалку од лидерот во Премиер лигата, Лестер.

Ливерпул сам се победи на Сент Џејмс Парк (видео)

Ohridnews