Германскиот стручњак на клупата од Ливерпул, Јирген Клоп не го криеше задоволство после победата над Манчестер Сити (4-3) на Енфилд во дербито од 23-та рунда во Премиер лигата.
„Граѓаните“ го претрпеа првиот пораз сезонава, додека „црвените“ со трите бодови се изедначија со Манчестер Јунајтед кој се наоѓа на втората позиција на табелата.
– Натпреварот можете да го гледате како тренер или навивач, мене повеќе ми се допаѓа втората опција. Двете екипи не оставија без зборови, се надевам дека сите уживаа во фудбалската престава. Овој меч на Енфилд е историски. Сигурно после 20 години натпреварот ќе биде во оние кои ќе ги репризираат и повторно луѓето ќе се воодушевуваат. – изјави Клоп.
За Ливерпул стрелаа четири различни фудбалери, а „граѓаните“ и покрај негативата (4-1) со два голови успеаја да се вратат во игра за поволен резултат, но домаќините ја задржаа минималната предност.
OhridNews