Тимот на Ливерпул доведувајќи го Вирџил ван Дајк во своите редови го повлече првиот конкретен потег од големите екипи во зимскиот преоден рок кој официјално се уште не е започнат.

„Црвените“ за услугите на холандскиот дефанзивец на Саутемптон му исплатија 75 милиони фунти и го направија најскап дефанзивец во историјата на фудбалот. Јирген Клоп на првата пресконференција по официјализирање на трансфер ги повика навивачите за трпение и да заборават на сумата која клубот ја плати за фудбалерот.

– Ќе ни донесе квалитет, затоа и го доведевме. Ние не ја одредуваме цената, тоа го прави пазарот. Навивачите на Ливерпул треба да ја заборават цената за која го доведевме и да имаат трпение, бидејќи има многу голем квалитет и карактер, затоа го чекавме речиси година дена. – изјави Клоп.

Германецот на располагање Ван Дајк го има веднаш, а голем плус е што има право за настап во Лигата на Шампиони. „Црвените“ во 1/8 финалето силите ќе ги одмерат со Порто.

OhridNews