Ливерпул во дербито со Арсенал на Енфилд успеа да извлече реми (3-3) со погодокот на Џо Ален во првата минута од судиското продолжение. „Црвените“ два пати имаа предност (1-0 и 2-1), но на крајот се спасуваа од пораз.
– Нерешен исход во ваков натпревар со многу голови, тензија и пресврт е добар резултат. Сметам дека гостите треба да бидат задоволни со ремито бидејќи им поклоновме многу лесни голови. Покажавме дека можеме, но ако се држиме до планот договорен пред натпреварот. – рече германскиот стручњак Јирген Клоп.
Арсен Венгер менаџерот на „топчиите“ жали за пропуштената шанса за освојување на целиот плен од жешкиот терен. – Разочаран сум што примивме погодок во последните минути од мечот и останавме без трите бодови. Но, добро е уште сме први на табелата заедно со Лестер. Навикнав на вакви натпревари на Енфилд и не сум воопшто изненаден. Повеќе ќе ми беше чудно да немаше голови и борба до последниот здив. – потенцираше Венгер.
Арсенал и Лестер со 43 бодови на контоното ја делат првата позиција додека „црвените“ со 12 бодови помалку се наоѓа на деветтата позиција.
Мх.П.











