Екипата на Јувентус на „Сигнал Идуна Парк“ против Борусија Дортмунд во реванш мечот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони ќе ја брани предноста (2-1) стекната на првиот натпревар.


Што подолг престој во Лигата на Шампиони е единствен излез од очајната сезона на „милионерите“ во Бундес лигата.

– Не очекува една од најтешките задачи во фудбалот. Ни треба победа против италијанска екипа, на која и одговара и нерешен резултат. Во Торино примивме голови од контранапади, а тие имаа шанса и за уште некој погодок. Искусни се, играат паметно, но не се непобедливи. – рече Јирген Клоп.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри и неговите пулени се подготвени за борба да последен здив со домашните фудбалери и публиката, која е 12-ти играч на „милионерите“.

– Ова е вистински тест за нас и знам колку тешка задача не очекува. Мислам дека мечот нема да заврши без голови, а ако е така тоа ќе биде добро за нас. Би било добро да постигнеме погодок, а уште подобро ќе биде ако реализираме два, но и тие не ни гарантираат сигурен пласман понатаму. – истакна Алегри.

Мх.П.