Екипата на Вулверхемптон беше непрeмостлива пречка за Ливерпул во третата рунда во ФА Купот. „Црвените“ кои настапија во комбинирам состав претрпеа пораз (2-1) на Молинекс стадионот. Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп после мечот изјави дека не сакал, но морал да менува односно да ги ротира играчите во составот.
- Ротирав затоа што морав, а не дека сакав. Речиси идентичен состав ги одигра претходните три натпревари, така да ротацијата во составот беше неопходна. – изјави Клоп.
Германецот во 4-та минута од мечот се соочи со проблем, откако поради повреда теренот го напушти Дејан Ловрен. – Не беше планирано да игра. Требаше да почне од клупата, но во последен момент донесовме одлука да го започне мечот. Не бев сигурен какви ќе бидат коментарите ако натпреварот го започневме со стоперски тандем кој досега воопшто не бил на теренот.
По елиминацијата од ФА Купот и претходно англискиот Лига куп, Ливерпул останува на фронт во Премиер лигата и Лигата на Шампиони. „Црвените“ се лидери на табелата во англискиот шампионат, додека во ЛШ ги чека огромен предизвик во 1/8 финалето наречен Баерн Минхен.
OhridNews