Германскиот стручњак на клупата од Ливепул, Јирген ги смири навивачите кои по триумфот над Манчестер Сити (4-1) ги зголемија апетита за овогодинешната сезона во Премиер лигата.


Со осум бодови помалку од лидерот Лестер екипата на Ливерпул се наоѓа на 9-та позиција во најсилната англиска лига.

– Мораме да бидеме многу внимателни. Губиме дома од Кристал Палас, а го победуваме Сити во гости, нешто што доволно кажува за нашата невнимателност. Неможам да ветувам чуда на клупата, но наш таргет за оваа сезона е пласман во ТОП 4 екипите на табелата. – рече Клоп.

Неделава „црвените“ играат против Бордо во Лигата на Европа, а во Премиер лигата силите ќе ги одмерат со Свонси.

Ohridnews