Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп после триуфмот над Стоук во 1/2 финалето од Лига купот имаше пофални зборови за играчите, но и големи замерки за распоредот на мечевите кои ги очекуваат „црвените“.
Фудбалерите од Енфилд во петок играат меч со Ексетер во ФА купот, а потоа во четири дена ќе се сретнат со Арсенал и Манчестер Јунајтед на Енфилд во рамките од Премиер лигата.
Потоа, „црвените“ до крајот на месецот ќе одиграат уште два натпревари, а во првиот месец од февруари гостуваат кај тимот на Лестер.
– Невозможно е играчите да се вратат во натпреварувачка форма после само два-три дена. Нив им треба одмор, не се тие роботи. Ние моментално не тренираме ние само се опоравуваме што е многу тешко во овој згуснат распоред. – рече Клоп.
Ливерпул со 30-ет бодови се наоѓа на осмата позиција со негатива од шест поени од четвртопласираниот Тотенхем на табелата.
Ohridnews











