Германскиот стручњак на клупата од Ливерпул, Јирген Клоп ниту во второто финале не успеа да го донесе првиот трофеј на Енфилд. По англискиот Лига Куп четата на Германецот претрпе пораз и во Лигата на Европа од составот на Севиља.


На Ливерпул не му помогна ниту водечкиот погодок кој беше дело на Стариџ во првиот дел од натпреварот. Севиља со три голови во второто полувреме го сврте резултатот и го освои третиот пехар во низа во Лигата на Европа.

– Ова беше искуствот од кое мора да научиме само позитивни работи. Ја изгубивме вербата во нас, а за тоа сум јас виновен никој друг. – рече Клоп и додаде. – Изедначувачкиот погодок не беше проблем туку реакцијата по тој гол. Го изгубивме компасот, потполно се загубивме на теренот, станавме конфузни место смирени и што е најбитно ја загубивме самодовербата.


По поразот од Севиља во финалето Ливерпул ја прокоцка и последната шанса да избори пласман во европските натпреварувања.

OhridNews