Германскиот фудбалски стручњак, Јирген Клоп се најде на удар од јавноста на Островот после убедливиот пораз од Тотенхем (4-1) на Вембли во 9-та рунда од Премиер лигата.

Менаџерот на „црвените“, Клоп за виновен го прогласи Дејан Ловрен кој го извади од игра по 30 минути, но Џејми Карагер и Питер Шмајхел кои се аналитачири на мечевите од Премеир лигата сметаа дека токму предводникот на Ливерпул е виновен.

– Мора да се нагласи дека Клоп никогаш јавно го нема искритикувано Ловрен. Тие можеби разговораат, но друго е кога своето име ќе си го прочиташ во весниците од својот менаџер. Одбраната на Ливерпул не е на ниво и наликува како прв да играат фудбал заедно. И тука кривицата ја гледам во Клоп кој очигледно не работи како што треба на тренинзите. – истакна Шмајхел.

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер смета дека Клоп воопшто не се потрудил да донесе нови играчи во одбраната и се уште ги користи фудбалерите кои своевремено беа засилувања на Брендан Роџерс.

OhridNews