Борусија Дортмунд ниту во новата година не успеа да ја пронајде победничката форма во Бундес лигата. Поразот од Аугзбург пред своите гледачи ги закова на дното „милионерите“.
– Резултатот навистина боли. Имавме пет или шест шанси за погодок, но неможевме да постигнеме подогок. Во повеќе наврати не се боревме како што треба. Ако и во иднина не се бориме за секоја топка ќе продолжи оваа агонија – потенцираше Јирге Клоп.
Покрај лошите резултати на своите миленици навивачите на „милионерите“ стадионот „Сигнал Идуна Парк“ го исполнаа до последното место.
Мх.П.